Линкови за пристапност

Ден претходно републиканците го искористија нивното мнозинство, за да ги променат сенатските правила, блокирајќи го филибастерот на демократите

Американскиот Сенат со 54 гласови „за“ и 45 „против“, денеска ја потврди номинацијата на Нил Горсач за судија во Врховниот суд.

Потпретседателот Мајк Пенс беше присутен во Сенатскиот дом за да претседава со гласањето.

Ова се случи ден откако републиканците го искористија нивното мнозинство, со цел да ја испробаат парламентарната процедура „нуклеарна опција“, менувајќи ги сенатските правила, за да ја блокираат тактиката на демократите, позната како филибастер.

Жалејќи за потребата од промена на правилата, републиканците рекоа дека немале друг избор освен да реагираат.

„Требаше да ги обновиме нормите и традицијата на Сенатот, за да го надминеме овој филибастер без преседан“, изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, републиканец од Кентаки.

Републиканскиот сенатор Џон Корин од Тексас, пак, потенцираше дека всушност морале да излезат од ситуацијата статус-кво.

Демократите имаа различно толкување на одлуката.

„Кога историјата ќе покаже што всушност се случи, одговорноста за промена на правилата ќе падне на товар на Меконел“, изјави лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG