Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД започнува нова сесија


Големи одлуки се очекуваат за истополовите бракови, афирмативната акција и правото на гласање

Американскиот Врховен суд во понеделник ќе слушне орални аргументи, на денот кога ја отвара новата сесија што се очекува да вклучи одлуки за истополовите бракови, афирмативната акција и правото на гласање.

Судиите започнуваат со случајот што истражува дали компаниите може да бидат судени во американски судови во врска со прекршувања на човековите права сторени во други држави.

Случајот инволвира 12 Нигеријци кои ја тужат компанијата Royal Dutch Petroleum, обвинувајќи ја за соучешништво во тортура, егзекуции и други прекршувања на законот сторени во Нигерија под поранешниот армиски владетел Сани Абача.

Тоа предизвика меѓународно внимание. Владите на Германија, Британија и Аргентина заедно со шефот за човекови права на ОН Нави Пилеј, енергетските компании и групи за права на жртвите поднесоа таканаречени „пријатели на судот“ поднесоци.

Следната недела судиите ќе слушнат аргументи во случајот каде се предизвикува користењето на расна преференца во примањето на колеџ.

Случајот се однесува на Универзитеот во Тексас каде бела студентка тврди дека била оневозможена да се запише затоа што политиката на универзитетот барала расата да биде земена предвид. Таква политика на афирмативна акција е користена и од други образовни установи за селектирање подиверзитетно студентско тело, но противниците на мерката тврдат дека праксата не е фер и непотребна во денешно време за борба против дискриминација.

Врховниот суд последен пат расправаше по прашањето во 2003, кога го остави во сила барањето расата да биде фактор при запишувањето на колеџ.

Судот исто така се очекува да ги земе во работа случаите што го инволвираат Актот за гласачко право од 1965, кој бара од државите со историја на расна и етичка дискриминација да добијат одобрение за промени на нивните закони за гласање.

Во одлука од 2009 судиите покажаа скептицизам за тоа дали провизијата уште е потребна. Државите кои сакаат да го отстранат барањето за дозвола се обидуваат да внесат реформи вклучувајќи нови закони за идентификација на гласачите.

Други големи прашања кои се очекува да дојдат пред судот се истополовите бракови, посебно Актот за одбрана на бракот, што забранува истополови двојки да добијат низа федерални бенефиции.

Судијката Рут Бадер Гинсбург вели дека судот најверојатно ќе расправа за ова прашање кон крајот на сесијата.
XS
SM
MD
LG