Линкови за пристапност

Врховниот суд денес ќе се изјасни за „Обамакеар“


Главното внимание на одредбата на законот што налага секој Американец до 2014-та да има здравствено осигурување, бидејќи во спротивно ќе треба да плати казна.

Врховниот суд на САД денес ќе ја соопшти долгоочекуваната одлука за легалноста на спорниот закон за реформа на здравствената заштита, што беше донесен по иницијатива на претседателот Барак Обама.

Главното внимание во одлуката на деветчлениот состав на Судот е насочено кон одредбата на законот што налага секој Американец до 2014-та да има здравствено осигурување, бидејќи во спротивно ќе треба да плати казна. Противниците спорат дека одредбата е противуставна бидејќи ги принудува луѓето да купат продукт што можеби не го сакаат, но поддржувачите вовраќаат дека таа е неопходна бидејќи го зголемува бројот на луѓето опфатени со здравствената заштита.

Судот, кој е поделен на пет членови со конзервативни и четири со либерални гледишта, би можел да одлучи да ја отфрли само одредбата, или целиот закон, но и да реши дека законот е во согласност со уставот и да го прифати.
Верувам дека беше правилно да обезбедиме сите во оваа земја да добијат соодветна здравствена заштита и да не банкротираат поради трошоците што треба да ги платат кога ќе се разболат.

Законот, со кој би добиле здравствена заштита над 30 милиони Американци кои се неосигурани во моментов, е главното постигнување на домашен план на претседателствувањето на Обама.

„Верувам дека беше правилно да се донесе реформа на здравствената заштита, да се осигура дека над три милиони млади луѓе ќе останат осигурани преку родителите (една од одредбите дозволува децата да останат осигурани преку родителите до 26-годишна возраст /н.з./). Верувам дека беше правилно да пружиме поголем попуст за лековите на рецепта за пензионерите. Верувам дека беше правилно да обезбедиме сите во оваа земја да добијат соодветна здравствена заштита и да не банкротираат поради трошоците што треба да ги платат кога ќе се разболат, рече Обама неделава на предизборен собир во Мајами, бранејќи го законот.
Одлуката на Судот е за тоа дали „Обамакеар“ е во согласност со уставот или не. Чекаме да видиме како ќе реши Судот, но веќе знаеме дека претставува лоша политика и дека треба да се отфрли.


Најверојатниот кандидат на Обама на претседателските избори, републиканецот Мит Ромни протурка сличен закон додека беше гувернер на сојузната држава Масачусетс. Па сепак, тој сега е енергично против националниот закон што критичарите го нарекоа „Обамакеар“, најавувајќи дека ќе го отповика доколку биде избран за претседател.

„Одлуката на Судот е за тоа дали „Обамакеар“ е во согласност со уставот или не. Чекаме да видиме како ќе реши Судот, но веќе знаеме дека претставува лоша политика и дека треба да се отфрли“, коментираше Ромни.

Врховниот суд воедно ќе донесе одлука и за делот од законот со кој се проширува Медикејд, програмата за помош на Американци со ниски примања и постари лица што се спроведува и на национално, и на ниво на сојузни држави.
XS
SM
MD
LG