Линкови за пристапност

Нил Горсач даде заклетва на функцијата во Врховниот суд на САД


Четиринаесет месеци по смртта на судијата Антонин Скалија, американскиот Врховен суд повторно има комплетен состав од девет судии со денешната заклетва на Нил Горсач.

Новиот судија даде две заклетви што ги бара законот на одвоени церемонии.

Првата беше администрирана од главниот судија Џон Робертс зад очите на јавноста во Врховниот суд. Подоцна, колегата судија Антони Кенеди администрираше заклетва на церемонија во Градината на розите на Белата куќа во присуство на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Трамп го избра Горсач за пополнување на испразнетото место кон крајот на јануари, и минатата недела американскиот Сенат даде зелено светло по жестока дебата во процесот на потврдување што заврши со 54 спрема 45 гласови во домот под контрола на републиканците.

Ниеден републиканец не гласаше против Горсач, кој едена деценија служел како судија во федерален жалбен суд, додека тројца демократи ја поддржаа неговата конфирмација.

Со 49-годишниот Горсач во Судот повторно ќе има мнозинство од пет конзервативни судии.

Демократски сенатори се обидоа да употребат процедурална блокада позната како филибастер за спречување на гласањето за потврдување, но републиканците одговорија со промена на сенатските правила така што само просто мнозинство беше доволно да се потврди номинација за Врховниот суд.

По смртта на Скалија, поранешниот претседател Барак Обама се обиде да го поплни местото, но републиканците одбија да одржат распит по номинацијата велејќи дека таа одлука треба да ја донесе новиот претседател, а не претседател на заминување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG