Линкови за пристапност

Повици за мир во Јужен Судан


САД и ОН апелираат среде растечкото етничко насилство и нови судири меѓу армијата и бунтовничките војници.

Претставници на САД и ОН ги обновија повиците за мир во Јужен Судан, среде растечкото етничко насилство и нови судири меѓу армијата и бунтовничките војници.

Најновите борби се центрирани во Малакал, главен град на богатата со нафта држава Горен Нил. Армискиот портпарол Филип Агуер вели дека судирите меѓу бунтовниците и владините лојалисти што започнаа во вторникот продолжиле во среда, со двете страни се` уште присутни во градот.

Во меѓувреме, повеќе од 40.000 луѓе останале засолнети во бази на ОН, барајќи спас од борбите или етнички-мотивираното насилство меѓу Динка и Нуер, две најголеми племиња во Јужен Судан.

Хуманитарен претставник на ОН Тоби Ланзер вели дека најверојатно илјадници луѓе биле убиени од почетокот на нередите пред 10 дена.

Но, мисијата на ОН во Јужен Судан го негираше извештајот дека масовна гробница е најдена во Бентиу, главен град на државата Јунити, што го држат бунтовниците.
Во божиќната порака американската амбасадорка во Јужен Судан, Сузан Пејџ, изрази надеж дека мирот ќе победи во државата.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун објави видео порака повикувајќи ги лидерите на државата да ги решат своите разлики на мирен начин и да ги заштитат цивилите од напади.

Во вторник Советот за безбедност на ОН гласаче за испраќање на дополнителни 5.500 мировници во Јужен Судан.

Претходно, државниот секретар на САД Џон Кери ги повика и претседателот и неговиот ривал, поранешен потпретседател да престанат со борбите и да имаат политички разговори со медијатор.

Белата куќа во вторникот објави верзии на динка и нуер јазиците од неодамнешна изјава од претседателот Барак Обама, апелирајќи за крај на насилството.
XS
SM
MD
LG