Линкови за пристапност

Физичката активност го намалува ризикот од деменција


Пресек на мозок зафатен од Алцхајмеровата болест (лево), и здрав мозок (десно).

Пресек на мозок зафатен од Алцхајмеровата болест (лево), и здрав мозок (десно).

35-годишно истражување на Универзитетот Кардиф. Но, дали вежбањето само по себе е доволно?

Физичката активност може значително да го намали ризикот од деменција, според истражувањето на Универзитетот Кардиф во Велс, спроведено во период од 35 години врз 2.235 мажи. Ова е најдолго истражување од овој вид, и, како што стои во него, „се фокусира на влијанието на факторите во животната средина врз хроничните заболувања“.

Но, физичката активност сама по себе не е доволна.

Во истражувањето се утврдуваат пет здрави трендови, клучни за најдобри шанси за живот без заболувања: редовна физичка активност, избегнување на цигарите, ниска телесна тежина, здрав начин на исхрана и слабо конзумирање на алкохол.

Следењето на четири од петте трендови довело до 60%-но намалување на симптомите на деменција и нарушени когнитивни способности (при што вежбањето било најголем фактор), како и 70%-но намалување во појавата на дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар.

„Нивото на кое се намалуваат овие болести, како резултат на овие едноставни здрави чекори, навистина не` фасцинира и е од огромно значење за населението кое старее“, вели Питер Елвуд од Катедрата за медицина при Универзитетот Кардиф.

„Студијата покажа дека следењето на здравиот начин на живот резултира во изненадувачки голема корист. Здравиот начин на живот има многу поголем ефект од кој и да е медицински третман или превентивна процедура“, вели овој експерт.

Истражувањето поажало и дека само мал број на луѓе водат целосно здрав начин на живот.

„Откривме дека иако бројот на оние кои пушат цигари значително се намалил од почетокот на истражувањето, бројот на оние кои водат комплетно здрав начин на живот практично не се променил“, вели тој.
XS
SM
MD
LG