Линкови за пристапност

Собарката што го обвини Штраус-Кан излезе во јавност


Собарката што го обвини Штраус-Кан излезе во јавност

Собарката што го обвини Штраус-Кан излезе во јавност

Собарката од хотелот во Њујорк која тврдеше дека шефот на ММФ ја нападнал даде интервју за Њусвик

Собарката во хотелот во Њујорк која го обвини шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан за сексуално напаствување излезе во јавност со интервјуа за медиумите, велејќи дека сака правда и нејзинииот наводен напаѓач да биде испратен во затвор.

Нафисатоу Диало се согласила на интервју со магазинот Њусвик и телевизијата АБЦ повеќе од два месеци по инцидентот во Њујорк, и неколку недели откако обвинителите кажаа дека се сомневаат во нејзината кредибилност.

Триесет и двегодишната Диало за Њусвик кажала дека поранешниот лидер на ММФ ја грабнал и ја нападнал како „луд човек“.

Обвиненијата се` уште не се изречени спрема Штраус-Кан, но неговите адвокати велат дека интервјуата се обид на Диало да го сврти вниманието на јавноста и да изнуди пари.

Во меѓувреме, властите во Франција ја испитуваат телевизиската личност Патрик Поивре д`Арвор во врска со наводи на француска авторка за обид за силување од страна на Штраус-Кан во 2003. Тристан Банон поднесе тужба против Штраус-Кан порано месецов во Париз. Поивре д`Арвор беше еден од оние луѓе за кои Банон кажа дека на времето го пријавиле наводниот напад.

Штраус-Кан ги негира обвиненијата.

XS
SM
MD
LG