Линкови за пристапност

Светските акции скокнаа по договорот со Иран


Економистите велат дека скокот на акциите и падот на цената на нафтата може да е краткорочен.

Цените на светските акции главно пораснаа и цената на нафтата падна во понеделник откако светските сили постигнаа договор што ги олесни тензиите во врска со иранската нуклеарна програма.

Клучните индекси во САД и Европа напреднаа и пазарите во Азија беа главно повисоки откако Техеран се согласи за време на викендот да ја прекине нуклеарната програма во замена за олеснување на санкциите кои ја оптоваруваа иранската економија. Еден глобален индекс достигна највисоко ниво од 2008, на почетокот на економскиот пад во светот.

Но аналитичарите велат дека падот на цените може да не трае и може да е базиран повеќе на оптимизмот за идното тргување со нафта во светот, отколку на моменталното зголемување на извоз на нафта од Иран.
XS
SM
MD
LG