Линкови за пристапност

Подем на берзите


Клучните стокови индекси во САД минаа рекордни граници

Цените на акции денес достигнаа рекордни нивоа во САД, а подем беше забележан и на берзите во Кина.

Во Њујорк, индексот Доу Џонс, што ги вбројува богатствата на 30 познати компании, како Американ експрес, Ексон мобил и Кока кола, за првпат достигна рекордни 16.000 поени.

Поширокиот стоков индекс на Стандард енд пурс 500 за прв пат достигна 1.800 поени, а пораст забележа и Насдак, кој го го следи учинокот на голем број технолошки компании.

Претходно, индексот Ханг Сенг на берзата во Хонкгонг се зголеми за 2,7%.

Аналитичарите го толкуваат подемот како резултат на опитимизмот на инвеститорите од ветувањето на Кина да ги прошири економските слободи, што евентуално ќе придонесе за поодржлив развој на втората по големина економија во светот. Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа јави дека реформите се однесуваат на земјоделците и претпријатијата во државна сопственост, како и дека со нив приватните компании ќе можат полесно да конкурираат на пазарот.
XS
SM
MD
LG