Линкови за пристапност

Во срцето на Џорџ В. Буш поставен стент


Блокада на една од артриите е откриена при рутински годишен преглед.

На поранешниот претседател Џорџ В. Буш успешно му е поставен стент во неговото срце за да се прочисти блокада на една од неговите артерии.

Лекарите ја извеле хируршката процедура во вторник, откако ја откриле блокадата ден пред тоа, за време на годишниот преглед на поранешниот претседател. Процедурата биле изведена во Презвитеријанска болница во Далас, Тексас, каде живее 67-годишниот поранешен претседател.

Од канцеларијата на Буш кажаа дека тој е „со ведар дух“ и се радува на враќањето дома, и планира да продолжи со нормалниот распоред во четврток.

Буш беше два пати избран за претседател, служејќи од 2001 до 2009.
XS
SM
MD
LG