Линкови за пристапност

Охрабрување од Стејт департментот за напредокот во Македонија


САД се задоволни од постигнатата согласност за клучните закони што произлегуваат од договорот од Пржино.

„Ги охрабруваме лидерите на Македонија да продолжат со напредокот во имплементирање на политичкиот договор од Пржино, што го претставува најдобриот начин за излез од кризата и упатување по патот што ќе водат до кредибилни избори закажани за април 2016-та“, за Гласот на Америка на македонски коментираше претставник на американскиот Стејт департмент.

Во изјавата понатаму се наведува задоволство од постигнатата согласност по клучните закони што произлегуваат од договорот, и се додава дека „сега партиите треба да се фокусираат на тешката работа на имплементација на договорената законска легислатива“ и да се обезбеди „изедначено поле за сите“ на изборите во април.

Американскиот Стејт департмент ја поздравува и веста од минатата недела за комплетирањето на тимот на Специјалниот обвинител, и повтори дека „на специјалната обвинителка мора да и` биде овозможено да го исполни нејзиниот мандат“.

Стејт департмент исто така го повторува повикот до сите страни да го стават интересот на државата на прво место и да ја реафирмираат определбата за евро-атлантска интеграција на Македонија.

XS
SM
MD
LG