Линкови за пристапност

Штефан Филе за НОВА: Очекуваме да видиме напредок во Македонија

  • Борјан Јовановски

Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе

Нема план наскоро да ја посети земјата, но внимателно го следи развојот на ситуацијата.

Штефан Филе, комесарот за проширување на Европската комисија, во интервју за НОВА изјави дека нема план наскоро да ја посети Македонија, но дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и тоа како земјата се справува со предизвиците. Филе во интервјуто нагласува дека се согласува со оценките на мисијата на ОБСЕ и ОДХР соопштени по изборите во Македонија.

„Се согласувам со нив и околу проблемите за небалансираното покривање на медиумите и недостигот на сепарација помеѓу државата и партиските активности. Оваа загриженост беше веќе забележана и во 2011-та и во 2013-та година. Важно е да се види како на таа загриженост ќе се одговори од страна на оваа влада“, вели Филе за НОВА.

Комесарот за проширување ја изразува и загриженоста за застојот на реформите.

„Актуелната загриженост се однесува на ризикот за враќање наназад во многу области во коишто порано имаше напредок. На пример, како да се подобрат слободата на медиумите и културата на медиумите, како да се обезбеди судска независност и квалитет на судството какво што граѓаните очекуваат дека треба да им се обезбеди и како да се има конструктивна политичка атмосфера. Сето ова му го објаснив на премиерот и очекувам да видам напредок“, наведува Филе.

Во врска со актуелната ситуација, Филе во интервјуто порачува дека проблемите треба да се решаваат во институциите на системот.

„Во моментов најважната и додатна политичка порака е дека е потребен конструктивен дијалог и зрело политичко однесување помеѓу сите политички актери и партии, онака како што тоа граѓаните го очекуваат, вели Филе.

XS
SM
MD
LG