Линкови за пристапност

Генералот Ставридис за проширувањето на НАТО


Поранешниот командант на НАТО, Џејмс Ставридис, во интервју за Гласот на Америка говори и за Македонија. Логично e, вели тој, оваа земја да биде следна на листата за прием во Алијансата

Поранешниот командант на НАТО, адмиралот Џејмс Ставридис смета дека проширувањето на Алијансата ќе продолжи, особено на просторите на Западен Балкан.

„Алијансата уште од основањето води политика на отворени врати спрема демократските држави или оние коишто имаат можност да придонесат на интересите на НАТО и кои ќе бидат изгласани од сите, во моментов 28 земји-членки. Црна Гора ќе биде примена на следниот самит, во Варшава. Сметам дека следен, логичен кандидат е веројатно Македонија, но оваа земја претходно треба да го реши проблемот со Грција околу името. Потоа, има изгледи да се приклучи и Босна и Херцеговина. Во крајна линија, би било добро да се консолидира Балканот, пред да се пристапи кон натамошно проширување. Сметам дека ќе има проширување на НАТО, но тоа нема да се одвива брзо, туку постепено“, изјави поранешниот командант на Алијансата, Џејмс Ставридис, во интервју за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG