Линкови за пристапност

Републиканска реакција на годишното обраќање на претседателот Барак Обама


Кој се` досега ја имал честа да даде одговор на неговото обраќање

Претседателот Барак Обама во вторник ќе го има своето последно годишно обраќање за состојбата на нацијата.

Настанот претставува порака од претседателот до Конгресот, и традиционално се одржува еднаш годишно, во јануари или февруари. Вообичаено е за партијата која ја нема контролата врз Белата куќа, да даде одговор по обраќањето на претседателот и најчесто таа чест се доделува на законодавец којшто стекнува углед во таа партија.

Ова е листата на републиканци коишто ја имале или ќе ја имаат таа чест во име на Републикнската партија да дадат одговор за обраќањето на претседателот Обама:

24-ти февруари, 2009-та - Боби Џиндал, гувернер на Луизијана

27-ми јануари, 2010-та - Боб Мекдонел, гувернер на Вирџинија

25-ти јануари, 2011-та - Пол Рајан, сегашен спикер на Претставничкиот дом

24-ти јануари, 2012-та - Мич Даниелс, гувернер на Индијана

12-ти февруари, 2013-та - Марко Рубио, сенатор на Флорида (во моментов дел од трката за републиканска претседателска номинација, 2016-та)

28-ми јануари, 2014-та - Кети Мекморис Роџерс, претставник од сојузната држава Вашингтон

20-ти јануари, 2015-та - Џони Ернст, сенатор на Ајова

12-ти јануари, 2016-та - Ники Хали, гувернерка на Јужна Каролина

XS
SM
MD
LG