Линкови за пристапност

САД го поздравија Договорот од Пржино, ветија натамошна помош


Џон Кирби: „Ние и нашите меѓународни партнери ќе продолжиме да и` помагаме на Македонија во напорната работа којашто претстои“
Џон Кирби: „Ние и нашите меѓународни партнери ќе продолжиме да и` помагаме на Македонија во напорната работа којашто претстои“

Служи на интересите на луѓето и ги зајакнува изгледите за евроатлантска интеграција на Македонија, според портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби

Владата на САД ги пофали водачите на политичките партии во Македонија за постигнатиот договор за решавање на политичката криза во државата.

На редовниот дневен брифинг во Стејт департментот, портпаролот Џон Кирби синоќа коментираше дека Договорот е компромис меѓу сите партии и дека служи на интересите на луѓето во Македонија со тоа што ги зајакнува изгледите за евроатлантска интеграција на земјата.

„Ние и нашите меѓународни партнери ќе продолжиме да и` помагаме на Македонија во напорната работа којашто претстои“, рече Кирби. Тој кажа дека САД ги ценат напорите коишто за постигнување на договорот ги вложија еврокомесарот Хан и членовите на Европскиот парламент, како и амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија.

XS
SM
MD
LG