Линкови за пристапност

Аналитичарите за шпионирањето во Европа


Експертите велат дека ова може да има за последица работење на обновување на довербата, иако некои сметаат дека поголем дел од вревата е заради позиционирање

За американскиот експерт за политика Џејмс Бојс од Лондонскиот кралски колеџ, наводното шпионирање јасно зборува колку сериозно американските официјални лица гледаат на одговорноста да сторат се` што можат за борба против тероризмот.

По наводите дека претседателот не знаел за шпионирањето, што е спротивно на она што германските медиуми го тврдат, новинарот на Журнал со седиште во Берлин, Антон Тројановски, вели дека сеедно е дали претседателот знаел за тоа или не. Шпионирањето на светските лидери е голем настан, вели Тројановски.

„Каква штета ќе има по односите со Европа, сега зависи од тоа колку добро САД ќе ги објаснат своите акции на европските лидери и нивните народи“, вели тој.

Иако од Европа САД слушаат поплаки и лутина, Џејмс Бојс се сомнева дека европската реакција е вистинска. Еве како тоа го објаснува:

„Европските разузнавачки служби се партнери со Агенцијата за национална безбедност. Освен тоа, европските сили ќе имаат корист од некои од податоците собрани од НСА. Се разбира европските лидери ќе бидат свесни дека нивните разговори се следени, но овде повеќе се работи за позиционирање во јавноста“, вели Бојс.

Висок член на американскиот конгрес изрази слично гледиште во неделата. Мајк Роџерс, републикански претседавач на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом ги нарече приговорите на Европа „неискрени“ и кажа дека следењето на повиците ги прави САД и сојузниците побезбедни.

Њујорк Тајмс известува дека Франција и Германија ќе се обидат да го решат прашањето преку уште потесни врски со американското разузнавање, во аранжман за споделување на информации во замена за ветувањето да не се шпионираат меѓусебно. Тајмс вели дека европските влади може исто така да бараат глобалните фирми за комуникација да добијат одобрение пред ги дадат податоците за повици и имејли во нивните држави на американските разузнавачки агенции.
XS
SM
MD
LG