Линкови за пристапност

Русија го намалува значењето на шпионскиот скандал


Официјални лица на Кремљ сугерираа дека скандалот ќе има мал ефект на американско-руските односи

Официјални лица на Кремљ во среда го осудија наводниот обид од страна на американски дипломат за регрутирање руски агент, но сугерираа дека скандалот ќе има мал ефект на американско-руските односи.

Порано неделава, руските власти на кратко приведоа дипломат, кој беше обвинет за обид да регрутира руски агент да работи за ЦИА. Дипломатот подоцна беше протеран од државата.

Прес секретарот на Владимир Путин, Димитри Песков, за државната новинска агенција Итар-Тас кажа дека инцидентот „не придонесува за идниот процес на зацврстување на меѓусебната доверба на Русија и САД и ги става односите на ново ниво“.

Советникот за надворешна политика на Путин, Јури Ушаков, изрази изненадување во врска со тоа што го нарече обид за „неспретно регрутирање“, во светлина на ветувањата од двете страни за подобрување на соработката.

Ушаков сепак додаде дека не мисли оти инцидентот ќе влијае на руско-американската соработка.

Член на државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, исто така предвиде дека шпионскиот скандал нема да има големо влијание на американско-руските односи, забележувајќи дека односите се веќе и онака затегнати.

Владимир Бурматов во среда кажа дека усвојувањето на Актот Магнитски од американскиот Конгрес минатиот декември го заврши таканареченото „ресетирање“ на односите, политика чија цел беше подобрување на врските меѓу Вашингтон и Москва.

Минатиот месец, САД поставија санкции спрема 18 лица во согласност со законот, дизајнирани за вршење притисок на руски официјални лица инволвирани во затворањето и контроверзната смрт на адвокатот Сергеј Магнитски.
XS
SM
MD
LG