Линкови за пристапност

СЈО да бара меѓународна помош за истрагите


Ако Парламентот не го продолжи мандатот на Обвинителството, мора да се најде друг начин за поделба на моќта, велат експерти за Гласот на Америка

Претседателот на Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон Дејвид Лабан го повика Парламентот да го продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Нешто мора да се направи, а треба да се почне со Парламентот. Тој му го даде мандатот на Специјалното обвинителство, и сега треба да утврди дали неговата работа е завршена“, вели тој.

Ако Парламентот не му го продолжи мандатот, Лабан смета дека СЈО мора да најде друг начин за спроведување на истрагите, со образложение дека тие не се завршени, а Владата поради која Обвинителството било формирано, го укинала.

„Одлична алтернатива е да се формира Специјален суд. Да се назначи конкретен судија или панел од судии, кои не биле осомничени за незаконски дејствија. Тие да ги надгледуваат истрагите, и кога специјалниот обвинител ќе им побара судски налог, материјали или докази, да му ги обезбедат“, предлага Лабан.

Сега е вистинско време да се побара и меѓународна помош, вели тој.

„Многу пати досега сум бил повикан од Стејт департментот да им помогнам на обвинители во различни држави. Може да се случи и сега Стејт департментот, преку Одделот за правда или други екеперти, да се обиде да помогне, иако е многу тешко суверени држави да принудите да применат други закони“, објаснува тој.

Според Лабан, одлуката за назначување на Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд е неразумна, бидејќи не може да се верува во неговата непристрасност, и оти тој треба да се повлече од функцијата.

А за Сузан Блок, професорка по уставно право на Универзитетот Џорџатун, независноста на судиите во САД се постигнува преку доживотен мандат. Во случајот на Македонија, вели таа, треба да се воведе специјална заштита.

„Може да постигнете имунитет на многу начини, а веројатно Парламентот во вашата држава може да го направи тоа. Да воведе механизам за избор на судии, кои потоа нема да бидат гонети и казнети за одлуките што ги носат“, вели Блок.

Таа порача судиите да работат за доброто на државата, а не во интерес на поединци.

„Македонија би можела да погледне кон меѓународните судови формирани во последните 25 години, Судот на Европската унија, за човекови права во Хаг, кои обично се формираат за специјална контроверза. Тоа е добар модел да го погледнете“, рече Блок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG