Линкови за пристапност

Успешно лансирање на СпејсИкс


Голем момент за вселенската индустрија од приватниот сектор

Шест месеца откако експлодира една од неговите ракети за време на лансирањето, компанијата СпејсИкс, која е во приватна сопственост, реализираше драматично лансирање и историско слетување на својот дополнителен генератор на првата платформа.

Ракетата Фалкон беше лансирана од центарот Кејп Канаверал во Флорида носејќи 11 мали сателити во нискиот дел на земјината орбита за компанијата за комуникации ОрбКом.

Околу две минути во лет, првата платформа на ракетата успешно се оддели од втората платформа и започна успешно враќање назад на Земјата.

Неколку моменти подоцна, вработените во СпејсИкс во централата во Калифорнија, го прославија вертикално слетување на девет километри од рампата за лансирање.

XS
SM
MD
LG