Линкови за пристапност

Ендевор се врати на Земјата


Ендевор се врати на Земјата

Ендевор се врати на Земјата

Американскиот спејс шатл Ендевор се врати на Земјата рано во среда завршувајќи го последното патување до Меѓународната вселенска станица.

Командантот Марк Кели и неговиот екипаж безбедно се приземјиа во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Тоа беше 25-ти пат на Американската вселенска агенција НАСА да спушти шатл во темница, околу петина од сите мисии.

Тој рече дека било „тажно да се види слетувањето за последен пат“, но дека шаталот „има голема историја“. Ендевор сега ќе биде испратен во музеј во Калифорнија.

Ендевор мина повеќе од две недели во вселената, пренесувајќи таму детектор за космички зраци вреден две милијарди долари (( Alpha Magnetic Spectrometer )) и резервни делови за вселенската станица.

Приземјувањето во средата ја завршува 19-годишната вселенска кариера на Ендевор со што стана вториот од три американски шатли што е пензиониран. НАСА вели дека Ендевор прелетал 198 милиони километри во неговите 25 мисии.

Шаталот Атлантис ќе полета во вселената во јули, на последна мисија за 30-годишната американска шатл програма.

XS
SM
MD
LG