Линкови за пристапност

Лидерката на Јужна Кореја во Вашингтон


Парк Геун-хје се наоѓа на петдневна турнја низ САД и предводи делегација од преку 50 бизнисмени од нејзината земја.

Претседателот Барак Обама денеска е домаќин на лидерката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, а разговорите се очекува да се фокусираат на загриженоста околу Северна Кореја.

Првиот човек на Јужна Кореја ја започна официјалната петдневна посета на САД во понеделникот, со престојот во ОН. Генералниот секретар Бан Ки-мун го пофали, како што го нарече, нејзиниот цврст, но одмерен одговор на провокациите од страна на Северна Кореја.

Лидерот на светската организација подвлече дека е подготвен да придонесе за намалената тензија и на промоција на мирот на Корејакиот Полуостров.

Парк Геун-хje во среда се очекува да има свое обраќање пред обата дома на Конгресот.

Јужнокорејската лидерка во САД предводи делегација од преку 50 бизнисмени од нејзината земја. Следна станица од турнејата низ САД е Лос Анџелес.
XS
SM
MD
LG