Линкови за пристапност

Кој стои зад хакерскиот напад во Сони?


Влезница за „Интервју“ во киното Аламо драфтхаус во Литлтон, Колорадо
Влезница за „Интервју“ во киното Аламо драфтхаус во Литлтон, Колорадо

ФБИ и натаму тврди - Северна Кореја, но приватни истражители наведуваат дека можеби се работи за незадоволен поранешен вработен во компанијата

Американските власти и натаму инсистираат дека Северна Кореја е одговорна за хакерскиот упад во Сони пикчерс, но приватни истражители наведуваат дека нападот можеби се должи на незадоволен поранешен вработен во филмската компанија.

Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) неделава се сретнале со претставници на истакнатата американска компанија за кибернетско разузнавање, Корпорацијата Норс. Оваа компанија тврди дека лице одвнатре во Сони, најверојатно во соработка со хакери однадвор, навлегло во датотеките на компанијата. Претставник на Норс кажа дека нивната истрага не можела да најде индикации дека Северна Кореја „го нарачала, планирала или пак финансирала“ нападот.

ФБИ и по средбата со Норс остана на заклучокот што го донесе кон средината на декември дека “не постојат веродостојни информации“ дека некој друг освен Северна Кореја е одговорен за упадот.

Обелоденетата содржина од електронската пошта на Сони ја стави компанијата во непријатна ситуација поради тоа што во неа извршни лица даваат подбивни коментари за истакнати холивудски актери и претставници на филмската индустрија. Упадот се случи во време кога Сони се подготвуваше да ја објави комедијата Интервју – фиктивна приказна за атентат врз севернокорејскиот водач Ким Џонг-ан. Во услови кога Северна Кореја протестираше против филмот како „чин на војна“, а главните синџири на кино-сали во САД се двоумеа дали да го прикажуваат од безбедносни причини поради хакерската закана, Сони реши да ја одложи премиерата. Но, откако американскиот претседател Барак Обама го оцени потегот како погрешен, Сони се премисли и Интервју започна да се прикажува во некои независни кина во САД.

XS
SM
MD
LG