Линкови за пристапност

Сомалиската влада ја поддржува спасувачката операција на САД


Сомалиската влада ја поддржува спасувачката операција на САД

Сомалиската влада ја поддржува спасувачката операција на САД

Сомалиската влада рече дека „силен удар за нив“ е единствениот јазик што киднаперите го разбираат.

Сомалиската влада вели дека ја поддржува американската воена операција во која беа ослободени двајца западни хуманитарни работници кои беа држени како заложници во државата во која беснее војна.

Во соопштение објавено во четврток, сомалиската транзициона влада кажа дека спасувањето на Џесика Бјекенен, Американка, и Пол Тистед, Данец, било „голема радост за луѓе кои размислуваат исправно , насекаде во светот“.

Двајцата беа спасени во среда кога американските специјални сили го нападнаа кампот на киднаперите северозападно од Могадишу, убивајќи деветмина од нив.

Сомалиската влада ја фалеше операцијата велејќи дека „силен удар за нив“ е единствениот јазик што киднаперите, пиратите и терористите го разбираат. Владата исто така кажа дека ќе стори се` што може за ослободување на други заложници држени во Сомалија.

XS
SM
MD
LG