Линкови за пристапност

Авион на соларен погон


Треба да појде во обиколка на Земјата наредната година.

Швајцарскиот пилот Андре Боршберг претстави авион што би можел да влезе во историјата на авијацијата – направен да ја обиколи земјината топка напојувајќи се само од сончева светлина.

Моделот „Импулс 2“ ќе започне со пробни летови наредниот месец, во подготовка за мисијата околу светот, планирана за наредната година. Авионот има ист опсег на крилата како и голем патнички авион, но затоа е тежок само колку еден голем автомобил. Тоа е поради тоа што наместо од тешки резервоари за гориво, се напојува од над 17.000 ќелии што собираат енергија од Сонцето и ја складираат во батерии.

Боршберг очекува дека за обиколка на Земјата ќе бидат потребни пет дена и пет ноќи.
XS
SM
MD
LG