Линкови за пристапност

Новинари играат Софтбол со мобилни телефони


Новинари играат Софтбол со мобилни телефони
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Две децении дружба на новинарите во Вашингтон преку спортот

Новинарите во Вашингтон ги поврзува уште една работа, покрај новинарството - софтболот.

Овој спорт ги поврзува две децении, поради една причина: лесната топка што ја удираат на терен, ги потсетувала на лесни прашања во новинарството.

Водејќи се од таа метафора, многу медиумски куќи, меѓу кои Вашингтон пост, Гласот на Америка, Вашингтон тајмс и други, се` уште се дел од неуморната приказна редакција -игралиште, и обратно.

Основачот на Софтбол лигата во Вашингтон Денис Тадол вели дека низ играта, новинарите станале многу повеќе од колеги.

„Станавме многу добри другари. Буквално не беше никаков проблем на која врата и да трoпневме - Фокс 5 телевизија, Гласот на Америка, Ен-Би-Си. Ги имавме сите тие тимови, кои рекоа дека сакаат да бидат дел од ова“, вели Тадол.

Се` почнало во 1991-та година, а денес лигата заокружува 26 сезони.

Капитенот на тимот на Националниот клуб на новинари Кен Џилијо, открива дека новинарите играат со мобилни телефони в џеб.

„Еден ден додека игравме на сите почнаа да им ѕвонат телефоните. Прво ги игнорираа повиците, но, еден новинар од Си-Ен-Ен одлучи да се јави. Тоа беше денот кога Џон Кенеди Јуниор почина во авионска несреќа. Сите отидоа да ја покријат приказната“, се сеќава Џилијо.

Џилијо вели дека откако играта ќе заврши, се собираат на вечера, каде зборуваат за темите на кои работат.

„На тој начин прават контакти. Лигата е многу добар начин за поврзување, но, не и за споделување идеи и извори. За тоа се многу таинствени“, вели тој.

Победник во сезоната, која трае од април до јули секоја година, е оној што има најведар дух и кој прави другите да се чувствуваат добредојдени, а наградата се доделува во чест на нивен починат колега.

„Се натпреваруваме додека играме Софтбол, а надвор од тоа продолжуваме заедно да работиме како колеги“, вели Џилијо.

XS
SM
MD
LG