Линкови за пристапност

Сноуден, според адвокатот, засега останува на московскиот аеродром


Едвард Сноуден веќе месец дена е во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево

Едвард Сноуден веќе месец дена е во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево

Наводно се` уште не ги добил документите што би му овозможиле да влезе во Русија.

Едвард Сноуден, кој достави американски разузнавачки податоци до јавноста, наводно наскоро би можел ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево. Па сепак, неговиот адвокат вели дека поради пречка во неговото барање за азил во Русија, тој засега ќе остане на аеродромот.

Бројни новински агенции во Русија денес најпрвин јавија дека поранешниот работник под договор на американското разузнавање добил документи што овозможуваат да замине од аеродромот и официјално да влезе на руска територија. Сноуден цел месец престојуваше во транзитната зона, чекајќи разврска на барањата за азил што ги упати до повеќе земји, во обид да го избегне обвинението за шпионажа што беше покренато против него во САД.

По средбата со Сноуден, неговиот руски адвокат Анатолиј Кучерена денес соопшти дека 30-годишниот американски бегалец се` уште ги нема соодветните документи од руските власти, така што ќе продолжи да живее на аеродромот.

Сноуден минатиот месец до медимите достави строго доверливи детали за програми на американската Агенција за национална безбедност, за следење на телефонски и Интернет-податоци. Тој најпрвин побегна во Хонг Конг, а потоа заврши во транзитната зона на московскиот аеродром.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе го одби американското барање за протерување на Сноуден. Но, со новиот развој на ситуацијата и евентуалното заминување на Сноуден од аердромот, САД соопштија дека бараат појаснување од Русија за неговиот статус.

Левичарските влади на Венецуела, Боливија и Никарагва му понудија азил, но, со фактот дека САД му го поништија пасошот, тој не можеше да замине од московскиот аеродром. Сноуден веќе најави дека, на крај, сака да замине за Латинска Америка. Па сепак, минатата недела по писмен пат побара од Русија да му даде привремен азил.
XS
SM
MD
LG