Линкови за пристапност

Сноуден се среќава со активисти за човекови права


На аеродромот во Москва американскиот бегалец разговара, за следните чекори по, како што кажа, „заканувачкото однесување“ на САД

Поранешниот договорен соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден во петок се среќава со групи за човекови права и руски адвокати на московскиот аеродром за разговори во врска со, како што вели тој, „заканувачко однесување“ на САД со цел да го спречат да добие азил.

Шефот на руската канцеларија на Амнести интернешенал , Сергеј Никитин, кажа дека ќе присуствува на состанокот во транзитната област на аеродромот, каде Сноуден престојува веќе трета недела. Претставник на Хјуман рајтс воч исто така кажа дека ќе оди, и на Фејсбус страницата остави порака во која Сноуден ги обвинува САД за започнување „незаконска кампања“ за да му оневозможат право да бара азил.

Три јужноамерикански држави – Венецуела, Боливија и Никарагва – на 30-годишниот Сноуден му понудија азил. Но пристигнувањето таму може да е тешко, бидејќи САД го отповикаа неговиот пасош.

Сноуден кажа дека планира да разговара со групата со која се среќава во врска со „следните чекори напред“ во неговата ситуација. Тој не беше излезен во јавноста откако пристигна на аеродромот Шереметјево по летот од Хонг Конг.

САД сакаат негова екстрадиција за да го изведат пред суд по обвиненија за шпионажа, откако протекол детали за шпионската програма изведувана од Националната агенција за безбедност на САД што работи во тајност. Русија одби да го предаде на САД, во исто време поттикнувајќи го да замине во друга држава.
XS
SM
MD
LG