Линкови за пристапност

Лек за телото, но и за душата


Мали бизниси: 100-годишна аптека во Вашингтон нуди лекови, сеќавање на добрите времиња
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00
Direct link

Мали бизниси: 100-годишна аптека во Вашингтон нуди лекови, сеќавање на добрите времиња

Малата семејна аптека Морган во главниот град на САД им пркоси на големите, корпоративни противници - постои веќе 100 години. Таа не нуди не само лекови, туку и потсетување на старите, добри времиња.

Морган е како времеплов - од амбалажата на лековите, па се` до полиците кои се нрепроменети уште од отворањето во 1912-та.

„Местото ги пленува посетителите и тие сакаат да се вратат“, вели фармацевтот Бери Дојчман, кој ја купил аптеката пред 20 години.

„Носталгија, веднаш кога ќе влезете“, коментира Сандра Шугар, која тука доаѓа со години

Муштериката Тони Стивенс говори за специјалната поврзаност: „Вработените се услужливи и имате чувство дека се дел од вашето семејство“.

Денешните производи се во старомодно пакување, во согласност со носталгичниот тон на аптеката. Тука може да најдете дел од детството, како „Дедовиот боров сапун“, на пример, вели сопственикот Дојчман.

Бројот на независните, мали аптеки во САД опаѓа. Според Националното здружение на фармацевти, во моментов ги има околу 20.000 - двојно помалку од пред 20 години. Причина - синџирите на аптеки и супермаркети на големите компании.

Но, Аби Грифин, вели дека новите аптеки немаат ништо лично во себе и токму затоа доаѓа во Морган.

„Персоналот е пријателски настроен и имам доверба во него“, додава Грифин.

И покрај конкуренцијата од големите, Дојчман нема намера да се пензионира. Резонира вака: „Имам најдобри муштерии на светот. Ќе останам тука се` додека можам!“.
XS
SM
MD
LG