Линкови за пристапност

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече сенаторот Велч


Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х
Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во Северна Македонија.

„Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа“, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х.

Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Податоците кои од избирачките места се собираат во Државната изборна комисија се дека Силјановска-Давкова води со два спрема еден пред Пендаровски.

Од обработени 46 проценти од вкупниот број избирачи, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има освоено околу 150.000 гласови, Пендаровски, кој е поддржан од владејачката СДСМ, има нешто повеќе од 71. 000 гласови.

Податоците се менуваат од минута во минута, зашто системот на ДИК постојано ги ажурира.

Минатиот месец, демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, заедно со демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис, спонзорираа најнова резолуција во Сенатот, со која САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ).

Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG