Линкови за пристапност

Во земјотресот во Скопје повредени педесетина граѓани


Надлежните служби информираат за оштетени возила, паднати делови од фасади, скршени прозорци

Скопјани минаа непроспиена ноќ по вчерашната серија -земјотреси од кои најсилниот беше од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Жителите на главниот град исплашени од интензитетот и траењето на потресот стравуваа од евентуално нов посилен земјотрес. Вечерта, но и во текот на денот беа почувствани неколку послаби удари, далеку од јачината на вчерашниот, но доволни за непријатно чувство кај граѓаните од престој во затворени и простории на повисоките спратови. Некои решија да останат надвор под отворено небо.

Драгана Черних Анастасовска од сеизмолошката опсерваторија појаснуваа дека не може да се влече директна поврзаност меѓу минато месечните поплави во скопско и земјотресот. Велат дека е невозможно да се одреди точното време и локација на нареден земјотрес.

„Кога ќе се случи земјотрес не може дефинитивно да се каже, но можеме да кажеме дека во одредено епицентрално подрачје во некој временски период може да се очекува одреден земјотрес. За силен земјотрес како скопскиот земјотрес од 1963 година период на повторување е 500 години“.

Во вчерашниот силен потрес повредени се педесетина граѓани, најмногу во обид да избегаат од своите домови. Имало и случаи на луѓе во паника кои скокале од терасите.

XS
SM
MD
LG