Линкови за пристапност

Кадриу: Државните органи го блокираат СЈО


Кадриу: Државните органи го блокираат СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Универзитетскиот професор вели дека критиките од јавните обвинители до специјалната обвинителка се последен пример за опструкции

Сериозни опструкции од државните органи. Taка правните експерти ги коментираат ситуации со кои во изминативе денови се соочи Специјалното јавното обвинителство, во обид да ги добие сите прислушувани материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Писмото од јавните обвинители упатено до специјалната обвинителка Катица Јанева, во кое се критикува нејзината и работата на нејзиниот тим, како нестручна и со незаконски дејства, е последен пример за блокада, вели за Гласот на Америка универзитетскиот професор Осман Кадриу.

„Овде станува збор за сериозно повредување на правата од страна на државните органи, Обвинителството и од полицијата, затоа што СЈО има надлежности определени со самиот закон, и во спроведување на тие надлежности државните органи треба да и помагаат на специјалната обвинителка. Вака како што сега постапува Јавното обвинителство, навистина излегува на површина дека и ова Обвинителство влегува во редот органи кои прават сериозни опструкции. Обвинувањата на јавното обвинителство не се основани, бидејќи за постапките на СЈО тоа не е надлежно да дава оценка, дали тие се законски или не“, вели Кадриу.

Тој смета дека истражителот на СЈО, кој беше приведен оти фотографирал објект во кој живее поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, имал право да биде таму и да ја врши својата работа.

Според него, прашањето што треба да се постави е дали Јавното обвинителство делува законски со отворањето постапка против приведениот истражител.

Во дописот до јавноста, што не беше потпишан, обвинителите тврдат дека Јанева го намалува угледот на работењето на Јавното обвинителство.

„Ваша обврска, како и наша обврска е да гониме криминал. Да го познаваме правото, оти во раце ни се човечки судбини. Да работиме според законите и правните професионални стандарди. А не да создавате клима на непочитување на законите и на институциите, да водиме јавни обвинителски политички кампањи, јавно да осудуваме лица и да пресудуваме без судски процес“, и пишаа обвинителите на Јанева.

Речиси истовремено со писмото на обвинителите реагираше и „Скопска единица“ – судот каде се водат предметите што ги отвори СЈО, велејќи дека нема да учествува во, како што ги нарече, спектакли на Специјалното обвинителство и дека наместо тоа прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија.

XS
SM
MD
LG