Линкови за пристапност

Педесет години од протестот со седење


Педесет години од протестот со седење

Педесет години од протестот со седење

Сеќавање на големата победа на Африканските Американци во битката за укинување на расна дискриминација

Пред 50 години, на 11-ти декеври 1961-ва, Врховниот суд на САД ја поништи пресудата за 16 Африкански Американци кои како средношколци беа уапсени за време на демонстрации за граѓански права во Луизијана. Тоа беше прва пресуда на највисоката судска инстанца за протестите во јужните сојузни држави.

Учениците беа уапсени во главниот град Батон Руж, каде во два расистички ресторани не биле послужени. Откако се оглушиле на повиците од полицијата да станат од маса и да заминат, тие биле обвинети за нарушување на мирот.

Во мислењето од главниот судија Ерл Ворен се вели дека студентите биле мирољубиви и не го прекршиле законот за почитување на јавниот ред и мир. Тој напишал: „Нема докази за насилничко однесување од студентите.“

Изразување револт со седење стана тактика на движењата за поголеми граѓански права во 1960-та, една година пред одлуката на Врховниот суд, кога други афроамерикански ученици се обиделе да добијат оброк во продавниците Волворт и Крес, во Гринсборо, Северна Каролина, на места кои, претходно, важеле само за муштерии-белци. Ним им била одбиена услуга и им било наредено да заминат. Кога мирно одбиле тоа да го сторат, била повикана полицијата и тие биле преведени со обвинување за нарушување на јавниот ред и мир.

Протестирање со седење со години ги користеа угнетени работници во борбата за своите права ширум светот. Но, оваа идеја беше нова за движењето за граѓански права. Ваквиот протест во Гринсборо инспирираше бран слични изрази на граѓанска непослушност во Северна Каролина и во други јужни држави. Многу ресторани подоцна ја сменија политиката на сеграгација.

Три години по одлуката на Врховниот суд дека е нелегално да се приведуваат лица кои на таков начин изразуваат несогласување, американскиот Конгрес го усвои Актот за граѓански права, во 1964-та, во кој беше вклучена и забрана за расна дискриминација во хотели и ресторани.

Продавницата Волворт во Гринборо, каде се` почна, денес е меѓународен центар и музеј за граѓански права.

XS
SM
MD
LG