Линкови за пристапност

Битка за преземање на ирачкиот град Синјар


Курдски борци во офанзива за повторно враќање под контрола на области кои сега се во раце на Исламската држава

Курдските борци, поддржани со американски воздушни напади, повторно освоија некои реони околу градот Синјар, кои се наоѓаа во раце на Исламската држава. Новата операција започна денеска.

Курдски официјални служби објавија дека нивните сили ги зазеле селата на обете страни од градот и го контролираат главниот пат кој се користи за снабдување помеѓу Исламската држава – завземениот Мосул на исток и од групата самопрогласениот главен град на запад, Рака во Сирија.

Според американскиот команден центар, рутата, позната како Автопат 47 од страна на Исламската држава се користи за транспорт на оружје, борци, недозволена нафта и други продукти кои се извор на финансирање за милитантските операции. Коалицијата предводена од САД има намера да го зголеми притисокот врз борците на Исламската држава и да ги изолира нивните составни делови едни од други.

Околу 7,500 борци се обидуваат да го преземат Синјар и сакаат да воспостават тампон-зона во тој регион за да се заштитат цивилите.

Воени авиони од коалицијата предводената од САД продолжија со бомбардирање на регионот во четвртокот после секојдневни напади во интервал од повеќе од една недела.

Групата на Исламската држава го зазема Синјар во август 2014-та година и го тероризира малцинството Јазиди коешто живее таму. Илјадници од нив пребегнаа во планините. Тоа беше причина за првиот од повеќе од 5000 воздушни напади на коалицијата во Ирак против милитантите од ИСИЛ.

XS
SM
MD
LG