Линкови за пристапност

Силјановска-Давкова сo двојна предност пред Пендаровски влегува во вториот круг


Гордана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг на изборите за претседател на државата. Така покажуваат податоците на Државната изборна комисија по денешниот изборен ден во кој седуммина се тркаа за врвната позиција во земјата. Кандидатката на опозицискиот блок успеа да направи огромна разлика пред актуелниот шеф на државата која во моментот изнесува 290 000 наспроти 140 000 гласови.

Пендаровски во вечерашното обраќање кажа дека не очекувале волку слаб резултат, но и дека тоа нема да го обесхрабри. Најави дека од утре ја продолжува кампањата и порача дека нема намера да се пазари со останите пет кандидати кои не ја продолжија трката за нивните гласови.

XS
SM
MD
LG