Линкови за пристапност

Учениците од американското основно училиште каде вооружено лице уби 20 деца и шест возрасни минатиот месец, за прв пат се враќаат на часови.

Масакрот од 14 декември во Основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конетикат, заврши кога напаѓачот се уби себе си. Тоа училиште останува затворено, а учениците одат во друго, во соседниот град Монро.

Претставник на полицијата во Монро, Кит Вајт, во среда кажа дека властите сакаат зградата да биде „нормално училиште“ што нема да биде преплавено со полиција. Но тој рече дека многу безбедносни направи се инсталирани на локацијата.

На прашањето на новинарите дали на првиот ден ќе биде зборувано за масакрот, властите кажаа дека „нема потреба тоа повторно да се преживува“.
XS
SM
MD
LG