Линкови за пристапност

Ужас во Колорадо


Осомничениот и уапсен за убиството, Џејмс Холмс

Осомничениот и уапсен за убиството, Џејмс Холмс

Ужас во Колорадо - 12 лица загинаа, а 59 се повредени кога маскирано лице отворило оган во кино-сала во градот Аурора близу Денвер. На долгочекуваната, полноќна премиера на најновиот филм за Бетмен, напаѓачот фрлил солзавец кон посетителите, а потоа почнал да пука. Сведоците пренесуваат дека не поштедил ниту детенце кое ладнокрво го затрелал од непосредна близина.

„20-30 минути откако започнавме да го гледаме филмот, најпрвин почувствуваме чад, потоа слушнавме звуци како петарди, а потоа видовме како луѓето паѓаат како покосени. Слушнав барем 20 до 30 истрели во рок од минута-две“, вели еден од оние кои се затекнале на местото.
Том Саливан во прегратка на семејството. Неговиот син бил во киното за време на нападот.

Том Саливан во прегратка на семејството. Неговиот син бил во киното за време на нападот.


Полицијата го уапсила маскираното лице на паркингот пред киното веднаш по нападот. Го индетификува како Џејмс Холмс, 24-годишен Американец, фатен со пушка, пиштол и гас маска на себе.

Властите наведуваат дека студирал неврологија, но дека планирал да се откаже од студиите. Тие не гледаат индикации дека бил поврзан со некоја терористичка група. Според шефот на полицијата во Аурора, немал соучесници, а при испрашувањето рекол дека во неговиот стан складирал експлозив. Полицијата соопшти дека неговиот стан е полн со експлозивни и хемиски стапици, така што ги евакуирала жителите на околните станови.
Кино-салата во Аурора каде бил извршен нападот.

Кино-салата во Аурора каде бил извршен нападот.


Уследија редица реакции, почнувајќи од Белата куќа. Претседателот Барак Обама шокиран и во жалост поради, како што кажа, ужасниот и трагичен настан. Вети дека владата ќе стори се одговорните да бидат изведени пред правдата. Неговиот републикански противкандидат на претстојните претседателски избори во ноември, Мит Ромни, во ист стил, изјави дека се работи за бесмислено насилство.

Инцидентот ја затекна нацијата во еден од најфрекфентните периоди за кино-салите во годината, кога семејства уживаат во блокбастер-филмовите што Холивуд специјално ги темпира за летните одмори.
XS
SM
MD
LG