Линкови за пристапност

Трет ученик подлегна на повредите во Охајо


Трет ученик подлегна на повредите во Охајо

Трет ученик подлегна на повредите во Охајо

Трет ученик почина од повредите претрпени во пукањето во училиште во централната американска држава Охајо.

Една жртва почина неколку часа по пукањето во понеделникот. Две други умреа во вторник, додека други две се опоравуваат од повредите.

Наводниот напаѓач се појави пред суд во вторник. Властите велат дека го фатиле осомничениот тинејџер во понеделник попладне, откако наводно отворил оган врз ученици во кафетеријата на средното училиште Шардон.

Сведоци велат дека тој, ТиЏеј Лејн е ученик во блиско училиште за младина во ризик. Властите велат дека мотивот останува нејасен.

Адвокатот осомничениот го опишува како мирно и добро дете, кое никогаш не било во некаков вид неволја.

Училиштата се затворени во вторник во градот од околу 5.000 жители додека властите ја продолжуваат истрагата.

XS
SM
MD
LG