Линкови за пристапност

Двајца мртви од напад во Вирџинија Тек


Двајца мртви од напад во Вирџинија Тек

Двајца мртви од напад во Вирџинија Тек

Властите во Блекбург, во јужната сојузна држава Вирџинија велат дека вооружено лице убило полицаец додека го регулирал сообраќајот во Вирџинија Тек. Медиумите индицираат дека вооружениот потоа сам си го одзел животот на кампусот, местото на масовното убиство во април 2007-ма.

Убиениот полицаец имал 39 години, а напаѓачот се верува дека немал никаква врска со сообраќајното регулирање на универзитетот.

Официјални лица исто така велат дека кусо време потоа, тело на второ лице, за кое подоцна беше јавено дека бил самиот напаѓач, било откриено во кампусот.

По четири часа потрага, училиштето повторно беше отворено за луѓето да может слободно да се движат.

Полицијата не го објави мотивот за убиството на полицаецот, велејќи само дека истрагата е во тек.

Властите не го објавија името на напаѓачот.

Во четвртокот навечер студентите се собраа со свеќи кај камениот споменик на жртвите од масакрот во 2007-ма на кампусот. На 16 април 2007 студент на Вирџинија Тек, Сеунг-Хуи Чо уби 32 лица на кампусот пред да изврши самоубиство.

XS
SM
MD
LG