Линкови за пристапност

Три лица мртви, најмалку 290 исчезнати по превртување на јужнокорејски патнички брод


Патниците на потонатиот брод, во наводно мирни води, биле главно средношколци на екскурзија

Претставници на Јужна Кореја велат дека три лица се мртви и најмалку 290 исчезнати откако фери-брод потонал во близина на јужниот брег на државата во среда.

Бродот носел повеќе од 459 луѓе, главно ученици, на остров за одмор и забава, Џеју, кога потонал во, како што изгледа, мирно море.

Се стравува дека многу се заробени во потонатиот брод или во околната вода, која била со температура од само 12 степени целзиусови.

Десетици хеликоптери и бродови, вклучувајќи и амфибија на американската морнарица, се инволвирани во масивната акција на потрага и спасување.

Преживеаните се однесени на блискиот остров Џиндо. Најголем дел од патниците биле ученици во средно училиште упатени на екскурзија.
XS
SM
MD
LG