Линкови за пристапност

Северна Македонија втора во Европа со најзагаден воздух


Во светски рамки, од вкупно 134 држави, Северна Македонија се наоѓа на 32 место / Скопје, 2024
Во светски рамки, од вкупно 134 држави, Северна Македонија се наоѓа на 32 место / Скопје, 2024

Повеќе од 700 јавни објекти на централно и локално ниво од болници до училишта, градинки судови, касарни се греат на дрва, нафта, мазут, пелети, кои се меѓу најголемите загадувачи.

Босна и Херцеговина, па веднаш зад неа Северна Македонија, е втора најзагадена држава во Европа во 2023 година. Во светски рамки, од вкупно 134 држави, земјата се наоѓа на 32 место. Ова го покажуваат анализите објавени неодамна, на швајцарската компанија „Ајкјуер“, која го мери квалитетот на воздухот.

Веднаш зад земјава се, Црна Гора, Србија, Турција, Грција и Албанија. Македонските граѓани во просек дишеле 25,2, микрограми на метар кубен пм 2,5 честички.

Македонските градови меѓу најзагадените во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

„Оние честици, дефинирани како пм 10, пм 2,5 и пм 0,1, тоа се честички кои можат да навлезат преку дишните органи во белите дробови и да предизвикаат најразлични болести, најразлични штети и заболувања, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје од Охрид.

Тоа се честички кои можат да навлезат преку дишните органи во белите дробови и да предизвикаат најразлични болести
Сашо Точков, Центар за јавно здравје - Охрид

Точков вели дека треба да се види, од каде е изворот на загадувањето, како се создаваат и распоредуваат во атмосферата овие пм честички и колкава е изложеноста на луѓето од нив. Аерозагадувањето е најмногу присутно од октомври до март месец, кога е и период на грејна сезона.

„Кога голем број на индивидуални ложишта се активни и произведуваат загадени материи, чад, прашина. Да не зборувам за овие пм честички и некои сулфурни и азотни оксиди, јагленот моноксид и сето она што го прати аерозагадувањето. Тука своето го прави и сообраќајот, каде се поголем број на возила се возат“, вели Точков.

Мапата која ја направи граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, покажува дека повеќе од 700 јавни објекти на централно и локално ниво од болници до училишта, градинки судови, касарни се греат на дрва, нафта, мазут, пелети, кои се меѓу најголемите загадувачи. Според нив седум, големи болници по македонските градови секоја зима за да се загреат трошат околу 1520 тони мазут.

„За нивното загревање за една сезона граѓаните преку буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Овие токсични испарувања ги дишат сите наши сограѓани и тие ги разболуваат“, велат од Шанса за Центар.

Експертите сметаат дека станува збор за застрашувачки податок и оти треба да се пристапи кон изградба на еколошки системи, како што се фото-волтаиците.

Загадување на воздухот во Скопје
Загадување на воздухот во Скопје

„Мораме под итно денес, но не како Елдорадо што беше минатата година, но плански, да направиме во кој регион што може повеќе да направиме вакви системи, но системи кои би биле со јавно приватно партнерство со Владата и македонски фирми, затоа што сета таа енергија би останала тука локално“, вели Зоран Митрески-експерт по енергетика.

Од Шанса за Центар бараат државата да преземе мерки и да го смени начинот на загревање на овие објекти, бидејќи над 5 милиони луѓе во светот убива годишно загадувањето на воздухот од фосилни горива.

Според истражувањето на Ајкјуер, помеѓу петнаесетте најзагадени европски градови се и Струмица и Тетово.

XS
SM
MD
LG