Линкови за пристапност

Сервер: Време е Грција да почне да извезува стабилност


Даниел Сервер, политички аналитичар од САД, смета дека ова е добро време за Атина да добие поени кај Вашингтон со промена на ставот за вето на членството на Македонија во НАТО.

Даниел Сервер, политички аналитичар од САД, смета дека ова е добро време за Атина да добие поени кај Вашингтон со промена на ставот за вето на членството на Македонија во НАТО.

Во неговиот блог од вторник тој се занимава со прашањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција во контекст на претстојниот самит на алијансата во Чикаго.

Неговите пријатели на Твитер, вели Сервер, му сугерирале дека според Меѓународниот суд на правдата Грција победила, зашто Судот не и` наредил да не ја повтори постапката од Букурешт. За Сервер ваквото толкување на одлуката е несфатливо и вели дека едно прифатливо решение е прашањето да се даде на арбитража доколку не е решено во одреден рок. Освен тоа, „Грција може да го блокира процесот на влегување на Македонија во ЕУ во секоја фаза, така што не значи дека со дозволата на ФИРОМ да влезе во НАТО“ ја игра последната карта, вели Сервер.

„Грција денес е во непрајатна ситуација“, продолжува Даниел Сервер. „Таа јасно ја прекршува одлуката на Меѓународниот суд на правдата и извезува нестабилност на соседите и пријателите. ..Извезувањето на политичка нестабилност може да се избегне. Етничките тензии во Македонија се интензивирани, делумно заради неуспехот државата да влезе во НАТО“.

„Поделбата на Македонија и Косово брзо би довело до неотповиклива поделба на Босна, и – на Кипар“, вели Сервер. Тој сугерира Грција тивко да се согласи Македонија да влезе во НАТО во Чикаго, доколку добие цврсто уверување дека прашањето ќе биде решено во дефинирана временска рамка. „Време е за Грција да почне да извесува стабилност“, заклучува Даниел Сервер.

XS
SM
MD
LG