Линкови за пристапност

Сервер: САД се грижат за заштита на демократијата во Македонија


Експертот за балкански прашања од Школата за меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкингс, за Гласот на Америка преку Скајп ја коментира посетата на високиот претставник на Стејт департментот во Скопје

Посетата на Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Македонија, покажа резултати, коментира Даниел Сервер, експерт за балкански прашања.

„Ми изгледа дека Хојт Ји правилно постапи при неговата посета, и оти има некои резултати. Јасно е дека Американците првенствено се заинтересирани за заштита на демократијата во Македонија, со цел Македонија еден ден да стане дел од НАТО и од ЕУ“, изјави Сервер за Гласот на Америка.

Тој додаде дека „на Москва не и` е грижа за Македонија, туку е заинтересирана да направи колку што е можно повеќе проблеми на Балканот, како и да го блокира патот кон Европската унија и кон НАТО“.

По средбите со политичките лидери на почеток на неделава, Хојт Ји истакна дека е дојден за да даде поддршка на новиот претседател на Собранието Талат Џафери, и повика на брзо формирање влада, што ќе работи на реформските приоритети и враќање на земјата на патот кон ЕУ и НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG