Линкови за пристапност

Социјалните медиуми можеле да ги спречат нападите во Њујорк?


Социјалните медиуми можеле да ги спречат нападите во Њујорк?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Соња Гавенкор од Њузеумот во Вашингтон, вели оти многу животи би биле спасени, под претпоставка дека терористите однапред ќе постирале информации за 11-ти септември

Датумот 11-ти септември 2001-та година не е посетник само за терористичките напади, туку и за новинарите кои го покриваа настанот, вели Соња Гавенкор, менаџер за односи со јавност во Њузеумот во Вашингтон.

Постојаната изложба во музејот, вели таа, открива како новинарите се подготвувале да покриваат избори тој ден, а завршиле на настан, кој им го променил животот.

„Сакаме да ја кажеме приказната како новинарите го покрија настанот, така што луѓето нема да се сеќаваат само на тоа каде биле на 11-ти септември, туку ќе знаат и навистина ќе го разберат фактот дека новинарите трчале кон опасност, за да ја кажат приказната“, изјави Гавенкор.

Таа вели дека известувањето за настанот било дополнително отежнато поради технологијата.

„Имаме малку слики од ударот на првиот авион, бидејќи луѓето немаа телефони со камери за да можат да го уловат тој момент“, рече таа.

Според неа, 11-ти септември би бил друг настан, доколку имало социјални медиуми во тоа време.

„Можеби животи ќе беа спасени ако имавме социјални медиуми, под претпоставка дека терористите ќе постираа информации, што би ги алармирало надлежните за евентуални напади. Веројатно, ќе имаше граѓани-новинари, кои ќе кажеа нешто однапред. Навистина е прашање како граѓанското новинарство може да помогне, но можеби и да попречи во потрагата по сторителите на криминал, како што беше случај со бомбашкиот маскар во Бостон“, смета Гавенкор.

Изложбата на ФБИ во Музејот го покажува начинот на кој биле барани лицата што го извршија овој терористички напад.

„Таа е потсетник за технологијата која е користена во тоа време. Пред 15 години користевме пејџери, телефони кои не можеа да се користат ниту за испраќање пораки. Начинот на кој ја кажувавме приказната за 11-ти септември е поинаква поради технологијата што ја имавме“, објаснува таа.

Дел од изложбата е посветен на Бил Бигерт, единствениот новинар кој загинал во нападите на 11-ти септември.

Неговата опрема, со која тој правел слики додека кулата паѓала врз него, сведочи како новинарите, во обид да покријат настан, самите стануваат вест.

XS
SM
MD
LG