Линкови за пристапност

Сенатот треба да одобри привремена мерка за финансирање на владата


Потоа мерката ќе биде испратена во Претставничкиот дом којшто има рок да се изјасни до среда на полноќ.

Американскиот Сенат денеска се очекува да одобри привремена мерка за трошоци, што би придонела за функционалност на федералната влада до средината на декември.

Штом ќе мине низ Сенатот, мерката ќе биде испратена во Претставничкиот дом, каде контролата ја имаат републиканците и којшто има рок до среда на полноќ да ја одобри.

Мерката за трошоци вклучува финансирање на Планирано родителство, непрофитна организација којашто обезбедува здравствена грижа за милиони жени ширум САД во однос на во однос на гинеколошки услуги. Претседателот Обама се закани дека ќе стави вето на каква било мерка за трошоци што би ги укинала федералните фондови за оваа организација.

XS
SM
MD
LG