Линкови за пристапност

Сенатот го ратификуваше приемот на Црна Гора во НАТО


Мерката беше усвоена со 92 гласа "за" и 2 "против"

САД беа една од трите земји-членки на НАТО коишто требаше и официјално да го одобрат влезот на Црна Гора во Алијансата.

Против гласаа само републиканските сенатори, Рaнд Пол од сојузната држава Кентаки и Мајк Ли, од Јута. Пол тврдеше дека како членка на НАТО, Црна Гора ќе биде под безбедносна заштита на Америка, а за возврат ќе даде многу малку.

Законодавците кои се за проширување на НАТО, возвратија дека Црна Гора веќе има сторено многу во поддршката на САД и пошироката Алијанса.

Американскиот Сенат уште во понеделникот поттикна точката за ратификација да се стави на конечно гласање.

Државниот секретар Рекс Тилерсон, претходно го повика Сенатот да реагира по прашањето за Црна Гора, без натамошно одлагање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG