Линкови за пристапност

Демократите најавија дека ќе ја искористат процедурата, наречена филибастер, за да ја блокираат потврдата на номинацијата за Врховниот суд

Сенатот оваа недела се очекува да ја потврди номинацијата на претседателот Доналд Трамп за судија на Врховниот суд Нил Горсач.

Републиканците, како мнозинска партија, имаат гласови да ја одобрат номинацијата на Горсач во Судската сенатска комисија, дури и ако сите демократи се против ваквата одлука.

Во петок минатата недела, тројца демократски сенатори Клер Мекаскил, Ричард Блументал и Брајан Шатц, најавија дека нема да го поддржат Горсач, спротивставувајќи им се на републиканците.

Демократите изјавија дека ќе ја искористат процедурата, наречена филибастер, за која потребни се 60 гласови, од 100-те места во Сенатот.

Републиканците го контролираат Сенатот со 58 наспроти 48 гласови, но, ако демократите успеат да соберат 41 глас, ќе бидат во можност да направат филибастер. Минатиот петок, 36 демократи изјавија дека ќе го поддржат овој потег.

Ако во текот на оваа недела обезбедат поддршка за да ја блокираат потврдата на Горсач, се очекува републиканците да се обидат еднострано да ги променат утврдените сенатски правила, со цел да овозможат потврда на номинацијата со просто мнозинство.

Републиканците се бесни на планот на демократите, велејќи дека филибастер процедури за Врховниот суд се ретки, и оти пристрасен филибастер за номинација на Врховниот суд досега никогаш не бил успешен.

Демократскиот лидер во Сенатот Чарлс Шумер ги предупреди републиканците за промена на сенатските правила, со кои би се овозможило употреба на просто мнозинство. Според нив, тоа би можело да доведе сите идни номинации за Враховниот суд да бидат потврдени, независно од спротивставувањето на малцинската партија.

Претседателот Трамп, во неговото неделно обраќање на радио, го пофали Горсач за неговото почитување на Уставот на САД.

„Изминативе години имаме видено се` повеќе и повеќе судии кои носат одлуки, спротивни на Уставот и на владеење на правото, базирани на лични погледи и сфаќања, како и врз основа на нивни политички ставови“, рече Трамп.

Тој го истакна сведочењето на Горсач во Сенатот, велејќи дека „ она што им беше јасно на сите е дека судијата Горсач е човек што го почитува правото, кој го брани Уставот и кој ќе ги заштитува нашите слободи“.

49-годишниот Горсач е судија од Федералниот апелационен суд во Денвер, Колорадо.

Ако биде потврден, Горсач ќе го пополни испразнетото место на починатиот судија Антонин Скалиа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG