Линкови за пристапност

Сенатот и ЦИА меѓусебно се обвинуваат за компјутерски упад


Претседателката на Сенатската комисија за разузнавање Дајен Фајнстејн

Претседателката на Сенатската комисија за разузнавање Дајен Фајнстејн

Кој бесправно пребарувал по мрежата користена во сенатската истрага за програмите на ЦИА за притворање и испрашување на притворениците?

Првиот човек на Сенатската комисија за разузнавање тврди дека ЦИА бесправно пребарувала по компјутерската мрежа што комисијата ја користела во истрагата за наводни злоупотреби во програмите на ЦИА за притворање и испрашување на притворениците.

Сенаторката Дајен Фајнстејн денес изјави дека е „длабоко загрижена дека пребарувањето на ЦИА најверојатно го прекршило принципот на одвоеност на гранките на власта, втемелен во американскиот Устав“.

Фајнстејн информираше дека генералниот инспектор на ЦИА Дејвид Бакли го предал случајот на Одделот за правда, да започне истрага за евентуален „криминал од страна на персоналот на ЦИА“.

ЦИА ги обезбеди компјутерите во случајот, за Комисијата да може да разгледа милиони страници строго доверлив материјал во истрагата за тортура од страна на ЦИА за време на владата на поранешниот претседател Џорџ В. Буш.

Минатата недела, директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека обвиненијата од Сенатот се „лажни наводи... целосно непотврдени со факти“.

Фајнстејн, пак, ги отфрли наводите дека персоналот на комисијата упаднал во компјутерите на ЦИА за да земе внатрешен извештај за програмите за притворање и испрашување.
XS
SM
MD
LG