Линкови за пристапност

Сенатот го отфрли предлогот за работни места на Обама


Сенатот го отфрли предлогот за работни места на Обама
Сенатот го отфрли предлогот за работни места на Обама

Претседателот Барак Обама вели дека борбата не е завршена

Американскиот Сенат го отфрли планот на претседателот Барак Обама за креирање работни места со владини работни програми и намалување на даноците за бизнисите.

Гласањето од вторникот беше закажано од демократите да се види дали предлогот може да биде изнесен на дебата и конечно земен на разгледување.

Со економијата што одвај се движи и невработеноста околу девет проценти, Обама кажа дека актот ќе стави илјадници наставници, полиција и градежници назад на работа. Тој исто така кажа дека даноците за работниците и бизнисите ќе бидат скратени.

Тој кажа дека опонентите може да се обидат да им објаснат на Американците кои бараат акција зошто го отфрлиле здраворазумскиот двопартиски план. Тој рече дека гласањето на Сенатот не е крај на борбата и дека сега ќе работи со сенатските лидери за вметнување провизии во предлогот за работни места една по една.

Опонентите велат дека претседателот планирал да плати за планот преку зголемени даноци на богатите. Тие велат тоа ќе им наштети на инвестициите и економскиот растеж. Тие исто така тврдат дека поранешниот економски стимулативен план на претседателот од 825-милијарди долари бил неуспех.

XS
SM
MD
LG