Линкови за пристапност

Само во Америка: Седечка нација


Само во Америка: Седечка нација

Само во Америка: Седечка нација

Според владата, околу две третини од американските возрасни лица, и едно на три деца, се со прекумерна тежина. Една третина од Американците од сите возрасни не се само потешки од она што се смета за нивна идеална тежина, туку се гојазни, што ги прави подложни на убиствени болести како срцеви заболувања, мозочни удари и дијабетис.

Љубовта на Американците за масна храна што дебели има голем дел од вината. Исто и расата и сиромаштијата. Сиромашни деца од изолирани индијански резервати, на пример, имаат недоволен приод до здраво овошје и зеленчук. Храна што дебели, како тестенини и грав приготвен на маст, се редовна состојка на мексиканско-американската исхрана.

Само мал процент од Африканските Американци живеат во населби со добро снабдени продавници за прехранбени производи. Наместо тоа, мали локални продавнички нудат многу видови слатки, безалкохолни пијалоци со многу шеќер и солени брзи оброци.

Една од таквите продавници што весникот Вашингтон пост ја најде во близина на училиште во сиромашен кварт продала 640 кесички од еден вид солено-слатки крекери, 140 кесички солен чипс од компири, 240 пакувања од слатки ролати и 2400 шишиња слатки пијалоци – за само пет училишни дена. Многу од нивните млади муштерии ова го јаделе за појадок.

А сега има и друг непријател. Покрај тоа што само малкумина се движат во текот на денот и уште помалку вистински вежбаат, и природата на работата го затвора тој круг. Со се` помала индустриска активности се` поголема употреба на мозокот кога седнуваат пред компјутерот, Американците стануваат се` повеќе седечка нација. Во седење минува најголем дел од работниот ден.

Според нов извештај на журналот за наука на интернет PLoS One, 80 проценти од американските работни места сега не инволвира физичка активност- или сосема малку – така што во просек Американците трошат околу 130 калории на работното место. Што тоа му прави на телото, не треба многу фантазија да се добие сликата.

Но не е сосема точно дека Американците седат седат залепени до компјутерот цел ден. Повеќето стануваат два-три пати во денот – да земат големо пенесто капучино или лате, а подоцна и ручек од ресторан за брза храна или кафетерија, каде се нуди главно храна што дебели.

Но бидејќи сите се загрижени заради гојазноста, сето тоа се залива со диетален газиран пијалок.

XS
SM
MD
LG