Линкови за пристапност

Безбедносна закана за американските амбасади


19 амбасади и конзулати на Блискиот Исток и Северна Африка ќе останат затворени до сабота.

САД понеделникот повторно отворија дел од своите дипломатски мисии на Блискиот Исток и во Северна Африка, но 19 амбасади и конзулати во регионот останаа затворени заради загриженост за безбедноста.

Амбасадите во Багдад, Кабул, Алжир и Дака се меѓу оние на кои Стејт департментот им даде дозвола да отворат понеделникот.

Американски претставници минатата недела ги затворија мисиите и побараа глобална претпазливост за патување на американски државјани, заради голема можност од терористички напади.

Стејт департментот неделата соопшти дека 19 дипломатски претставништва ќе останат затворени до сабота „заради претпазливост“, а не заради нова закана. Меѓу нив се и мисиите во Аман, Каиро, Саана и Триполи.

Други држави презедоа слични акции, а меѓународната полициска организација Интерпол издаде сопствен повик за претпазливост.

Американскиот безбедносен потег доаѓа речиси една година по нападот на исламистички милитанти врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, при што беа убиени четворица Американци, вклучувајќи го и американскиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG